Thursday, December 30, 2010

Season greetings

Laser Cut Design Laboratory is wishing you lovely holidays. We are thankful for every follower on our blog,for every lover of conceptual jewelry design and supporter. Stay tuned for more conceptual jewelry the upcoming year  :)
***** Enjoy the spirit of the season *****

Thursday, December 23, 2010

****NEW YEARS MINI LUNARITY****


Lunar Topographies
because there is an invisible type-o-graphy 
written by our own fav topography
in each and every one of us....

material: lasercutted plexiglass + wood
colors available upon request

*** New Year's Mini Lunarity ***

inspiration: L'ecume des Jours 
available at Laser Cut Design Laboratory

Tuesday, November 30, 2010

Плексигласот е мојата слика на иднината

via : http://skopjestreetstyle.blogspot.com/2010/11/blog-post_18.html


Плексигласот е мојата слика на иднината






by: Ана Несторовска
Обвјавено во "Дневник" на 18.11.2010





Дизајнерката и архитект Александра Шекутковска изработи колекција накит во рамките на новата модна куќа „Стилисимо“



Од своето прво јавно промовирање на изложбата „Мода за носење“, за една година успеа да се наметне како една од најурбаните и најиновативни млади дизајнери на накит. Модното творење, за скопјанката Александра Шекутковска, препознатлива по изработката на накит од плексиглас, претставува можност да го испитува егзибиционистичкиот симболизам и моќта на визуелното.
-Секој дизајнер доживува немир кога создава нешто ново и поинакво. За мене тоа е постојано истражување во уметноста. Останува постојаната потрага во дизајнот, не по идеалното, туку по невидливото. Создавам се' додека го чувствувам истиот немир, се' додека имам визија за иновативното. Тоа е еден од начините на кои јас му ги соопштувам својата визија и архитектонска порака на градот - вели Шекутковска, која е дипломиран архитект.
Изработува обетки, брошови, ѓердани, шапки и прстени во впечатливи бои и динамичен дизајн. Зад себе има повеќе од пет колекции, неколку групни и една самостојна изложба и промоција на пролетното издание на Модниот викенд - Скопје.ИНДИВИДУАЛИЗАМ ВО РАМКИТЕ НА „СТИЛИСИМО“
Неодамна ја направи својата прва линија за новата модна куќа „Стилисимо“, што беше претставена и на есенскиот Моден викенд. Соработката со Цаци Паковска почнала откога познатата водителка го препознала оригиналниот и авангарден концепт на винилските шапки што Шекутковска ги дизајнира во рамките на својата пролетна колекција.
- Поканата за создавање накит за брендот ја прифатив со задоволство. Колекцијата е продолжение на идејата за накит со двојно дестилирана елеганција на женската икона, што го почнав како истражување со накитот во летниот период. Зимската колекција прерасна во „сториборд“ на убавина и архитектура - вели Александра.
Секое парче претставува архитектонски дијаграм, кој понатаму е надополнет со лента, панделки, цветови од свила и врвца, што се извиткуваат и ја остваруваат врската со женското тело. Материјалите „играат“ околу знаците, изработени од винил, дрво и плексиглас. застапени се неколку дизајни со разни теми, како на пример: структура на саќе, континент, град, разиграна линија на животот и друго. Моделите се истовремено и индивидуални, сами по себе, меѓутоа и компатибилни со креациите на „Стилисмо“. Шекутковска е задоволна од досегашниот прием на нејзиниот накит во рамките на брендот.

ПРЕДИЗВИК Е ДА РАБОТИШ СО ИСТ МАТЕРИЈАЛ
Александра вели дека не се откажува од плексигласот, кој стана нејзин заштитен знак.
-Плексигласот е мојата слика на иднината, икона на поп-артот... Познатиот романски уметник Константин Бранкузи со години ја работел истата тема -скулптури на птици и ниедна не личела на претходната. Се работи за авантура во концепт, така и јас не се чувствувам конвенцијално ако работам со истиот материјал. Напротив, тоа е еден од најголемите предизвици. Секогаш уметникот може да се навраќа на истите теми и да ги интерпретира одново - вели таа и додава дека во дизајнот, како и во архитектурата, важен е и процесот, не само крајниот резултат.
Наредниот период ќе ја продолжи својата „традиција“ за изработка на линија со поголеми и мали поводи, како Нова Година, Денот на вљубените... Најавува урбани колекции, како што беше одбележувањето на јапонските цреши со обетки како симбол на нивното постоење во градот. Во нејзината т.н. лабораторијата „Ласерски исечен дизајн“ постојано трага и истражува ново дизајнерско и архитектонско комуницирање.
- Во периодов кога можам да ги видам резултатите од постојната колекција (за „Стилисимо“) ги развивам плановите за остварување идеи поврзани со дизајни за домот, паралелно постојано размислувам за нов предизвик користејќи ја модата како медиум. Во секој случај, на секој дизајн што го создавам сакам да му дадам доволно време да „живее“ пред да се појави ново дело со нов предизвик - вели на крајот Шекутковска.


Меѓу архитектурата и модатаОд неодамна почна со нов професионален ангажман како архитект. Вели дека и покрај обврските на работното место, се труди да остане самостоен автор, индивидуалец.
- Архитектурата и дизајнот се мојот дневен и ноќен живот. Потсетуваат на природата на личноста на Бетмен. Двојната природа се прелева една во друга, границите исчезнуваат. Работата во архитектонско студио со креативни луѓе на проекти за Скопје е можност да учествувам и да помагам со урбани интервенции кои треба да го подобрат начинот на живеење - вели таа.
Во моментов работи на планови за реконструкција и обновување на основни училишта во Скопје.

Friday, November 26, 2010

Laser Cut Design Laboratory Lookbook Part 1





..because the after-life of the design is the sparkle that other people give to it..
..because design is a symbol of status. Of one's own aesthethic view.